Кривична за дилер на марихуана од Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против дваесет и шестгодишен кумановец, дилер на марихуана.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.И.(26) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што појаснуваат од СВР Куманово, пријавениот, заради продажба во својот дом држел марихуана, која заедно со дробилка и дигитална вага му биле одземени при претрес во неговиот дом.

Никола Ивановски

Leave a Reply