Кривична пријава за управителка на фирма од Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави против кумановка која била управител на приватна фирма, но и едно лице од Скопје, а заедно се осомничени за три кривични дела.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против ДПППГП „САТЕЛИТ 2001“ ДОО увоз-извоз Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и С.К.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавената, како управител на второпријавеното правно лице, откако извршила увоз и царинење на моторно возило марка „MERCEDES ACTROS“ од Холандија во РС Македонија на име на второпријавеното правно лице, изготвила фалсификувана потврда за исполнување на техничките барања.

Потврдата со невистинита содржина ја употребила на 22.12.2018 во прилог на барање за единечно одобрување на возило доставено до овластена фирма од Скопје, каде што бил отворен предмет, кој го земал третопријавениот.

Тој издал потврда за сообразност за единечно одобрено возило за моторно возило марка „MERCEDES ACTROS“, со која првопријавената ја искористила во прилог на барање и било извршено регистрирање на возилото на име на второпријавенито правно лице и биле издадени македонски регистарски таблици и македонска сообраќајна дозвола, велат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply