Кремљ: Западните тенкови нема да променат ништо на теренот

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска објави дека испораката на западни тенкови во Украина „нема ништо да промени“ во ситуацијата на теренот, обвинувајќи ги западните земји дека ја одржуваат „илузијата“ за можна воена победа на Киев.

Loading...

Ова беше констатирано денеска, додека земјите кои воено ја поддржуваат Украина се состануваат во американската воена база Рамштајн во Германија за да разговараат за нови испораки на оружје за Украина, а Киев бара тешки оклопни возила.

„Таквите испораки не можат суштински да променат ништо, тие ќе создадат нови проблеми за Украина“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не треба да ја преувеличуваме важноста на испораката на вакво оружје или нивниот капацитет да променат нешто… Тоа нема да промени ништо за напредокот на руската страна кон постигнување на нејзините цели“, додаде Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Тој, исто така, ги обвини западните земји дека „се држат до драматичната илузија за можноста Украина да победи на бојното поле“.

„Ние го забележуваме индиректното и директното вклучување на земјите од НАТО (во конфликтот), ги слушаме изјавите, гледаме дека желбата за вклучување сè повеќе доминира“, додаде портпаролот на Кремљ.

Тој оцени и дека односите меѓу Москва и Вашингтон достигнале „историски ниско ниво“, додавајќи дека не гледа надеж за подобрување во блиска иднина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...