Кремљ: Во нуклеарката Запорожје нема и немало тешко вооружување

Сподели со своите пријатели

Во нуклеарната централа Запорожје нема и никогаш немало тешко оружје, а тоа можат да го потврдат инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во тамошната мисија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Коментирајќи ја забелешката на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека постои договор за отстранување на тешкото вооружување од нуклеарната централа во Запорожје, Песков потсети на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин дека никогаш немало и нема тешко вооружување во нуклеарна централа.

Песков посочи дека тоа можат да го потврдат вработените во МААЕ кои се таму 24/7.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Портпаролот на Кремљ ја пофали соработката со МААЕ и рече дека Русија ќе вложи напори таа да продолжи.

Макрон претходно изјави дека во моментов се разговара за конкретни чекори за отстранување на тешкото оружје од нуклеарната централа Запорожје.

„Следните неколку недели ќе бидат одлучувачки во овој поглед за помош за заштита на нуклеарната централа“, рече францускиот лидер пред отворањето на конференцијата за помош на Украина.

Макрон посочи дека целта е демилитаризација на зоната околу нуклеарната централа.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, на состанокот во Париз со украинскиот премиер Денис Шмигал разговараше за воспоставување безбедносна зона во нуклеарната централа и за следната мисија на агенцијата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Нуклеарната централа Запорожје лоцирана во градот Енергодар е најголема во Европа, а од крајот на февруари е под контрола на руската армија.

Мисијата на МААЕ предводена од Гроси ја посети нуклеарната централа на почетокот на септември, а персоналот на агенцијата остана во улога на набљудувачи.

МААЕ повика на создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа за да се спречат вонредни ситуации поради вооружени конфликти, пренесе ТАСС, повикувајќи се на Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.