Кремљ: Русија не се меша во изборите во САД

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ги отфрли обвинувањата од Вашингтон дека Русија се меша во престојните претседтаелски избори во САД.

Loading...

– Обвинувањата се неосновани и се не точни. За жал морам и вакви работи да коментирам. Секој ден има обвинувања на сметка на Русија, но без основа, не се засноваат на никакви факти. Повеќе наликуваат на собирање на политички поени пред изборите, истакна Песков.

Неговата изјава уследи откако американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека Иран и Русија собраат податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во САД.

Претходно и Иран демантираше каква било вмешаност во избротите во САД.

– Цврсто ги отфрламе изјавите на американските претставници дека сакаме да се мешаме во нивните избори. Тоа се целосни бесмислици и лаги кои им ги пренесовме на амбасадорот на Швајцарија. Како што и претходно нагласивме за Иран нема никакв разлика кој ќе победи на изборите, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хазибзадех.

Швајцарија ги пренесува интересите на САД во Иран, бидејќи Вашингтон и Техеран немаат официјални односи.

Марина Илиевска

Leave a Reply