Кремљ: Нема да има демилитаризација на нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека руската специјална воена операција во Украина ќе продолжи се додека не се постигнат сите претходно утврдени цели, додавајќи дека нема разговори за демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје во Енергодар.

Loading...

Песков истакна дека Путин деноноќно е во контакт со министерот за одбрана и другите воени лидери, дека е информиран за сите акции на руската армија, пренесува Интерфакс.

„Се разбира, се што се случува, сите дејствија преземени од армијата за време на специјална воена операција, се известуваат до врховниот командант“, рече Песков, одговарајќи на прашањето како рускиот претседател реагирал на „прегрупирањето на силите и ресурсите во Украина“.

Украинскиот Генералштаб утринава на Фејсбук објави дека украинската армија во претходните 24 часа успеала да го избрка непријателот од повеќе од 20 населени места.

Еден ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Телеграм дека украинските војници овој месец повратиле повеќе од 3.000 квадратни километри територија и продолжуваат да ги ослободуваат областите окупирани од Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.