Кремљ: Киев го користи поморскиот коридор за воени цели

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска го обвини Киев дека користи поморски коридор кој претходно беше наменет за извоз на украинско жито „за воени цели“, неколку часа откако Русија се повлече од клучниот договор за храна.

Loading...

„Веќе не е тајна, јасен факт е дека оваа област ја користи режимот во Киев за воени цели“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Ова е многу важен аспект што исто така не треба да се заборави“, додаде тој.

Песков рече дека „во отсуство на соодветни безбедносни гаранции, се јавуваат одредени ризици“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.