Кремљ ги обвини балтичките земји за „екстремно агресивен став“ за војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска соопшти дека повиците на Литванија да ѝ помогне на Украина со испраќање напредни борбени авиони се „доказ за исклучително агресивните ставови“ на балтичките земји, пренесуваат светските агенции.

Loading...

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека „големите европски земји“ треба да се спротивстават на таквите ставови.

Изјавата на Песков дојде еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека Америка нема да испраќа борбени авиони Ф-16 во Украина.

Да потсетиме, Киев неодамна во неколку наврати ги повика своите сојузници да ѝ донираат напредни борбени авиони на Украина за да може таа да воспостави контрола над нејзиниот воздушен простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Во моментов, украинските воздухопловни сили користат стари советски борбени авиони.

Неодамна, потсетува „Скај њуз“, извор од британските воздухопловни сили рече „никогаш не вели никогаш“ на прашањето за донации на борбени авиони, додавајќи дека тоа „во моментов не е приоритет“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.