Кратовчанец загина во сообраќајна незгода на автопатот Куманово – Скопје

Сподели со своите пријатели

Едно лице го загуби животот, додека четири се здобиле со сериозни повреди во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови, поточно околу 6:35 кога дошло до сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката Хиподром.

Loading...

Во несреќата учествувале  ПМВ „Волксваген Голф“со  скопски регистерски таблици и ПМВ „Волксваген Пасат“ со кумановски регистерски таблички.

Во незгодата починал О.В.(37) од с.Трновац- Кратово, сопатник во ПМВ „Пасат“, додека со телесни повреди се здобиле М.Т.(47) од с.Трновац, Љ.Т.(52) од с.Крилатица, Г.В.(35) од с.Трновац, како и возачот на ПМВ „Голф“ А.Б.(25)  од Скопје.

Незгодата се случила на тој начин што возачот на  ПМВ „Голф“ поради неприлагодена брзина  изгубил  контрола над возилото удрил во ПМВ „Пасат“ кое било застанато на сообраќајната лента за присилно запирање (крајна десна сообраќајна лента) , излетал на десната страна од коловозната лента во зелениот појас и се превртел на кров, а ПМВ„Пасат“ од ударот се поместило и застанало на сообраќајната лента за возење (средна сообраќајна лента).

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.