Кралот Чарлс продава 14 коњи кои ги наследил од својата мајка

Сподели со своите пријатели

Кралот Чарлс Трети ќе продаде дел од коњите што ги наследил од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Loading...

Како што јави Би-Би-Си, покојната кралица била голем љубител на коњите, кои ги одгледувала, јавала и учествувала во нивните подготовки за трки.

Аукциска куќа во Њумаркет објави дека продава 14 коњи на кралицата, вклучувајќи го и коњот „Love Affair“, кој победи на трката само два дена пред нејзината смрт.

„Ова не е невообичаено. Членовите на кралското семејство продаваат коњи секоја година. Кралицата исто така ги одгледа и продаде некои. Не можете да ги задржите сите. Неговото височество само го прави она што го прават сите сопственици на коњи“, рече Џими Џорџ, портпарол на аукциската куќа.