Кралот Чарлс одобри: Риши Сунак и официјално нов британски премиер

Сподели со своите пријатели

Риши Сунак сега е 57-ми премиер на Велика Британија откако беше поканет од кралот Чарлс III да формира влада.

Loading...

Тој е трет премиер оваа година и ќе влезе во Даунинг стрит како најмлад премиер во последните два века, јавува Би-Би-Си.

Како нов лидер на Конзервативната партија, Сунак (42) отиде во Бакингемската палата на својата прва аудиенција кај кралот, каде што официјално беше побарано да формира влада.

Новиот премиер наскоро ќе одржи говор пред седиштето на владата во Даунинг стрит.

Сунак (42) е првиот британски премиер со азиско потекло и најмладиот премиер во повеќе од 200 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленска во Британија: Сексуалното насилство е најсуров начин да се покаже надмоќ

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.