Кралот Чарлс ја одложи посетата на Франција поради протестите

Сподели со своите пријатели

Посетата на англискиот крал Чарлс на Франција е одложена откако синдикатите во таа земја повикаа на штрајкови и улични протести за време на неговиот престој, соопшти денеска француското претседателство.

Loading...

Кралот Чарлс во недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх, пренесува Ројтерс.

Посетата требаше да трае три дена.

„Со оглед на вчерашната најава за национални протести против реформите на пензискиот систем, кои треба да се организираат во вторник, посетата на кралот Чарлс закажана за 26 до 29 март ќе биде одложена“, соопшти Елисејската палата.