Крадецот влезе во куќата за една минута: Не го спречија ниту решетките на прозорецот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видеото на кое крадецот влегува во куќата преку прозорец со решетки за околу една минута, некои луѓе ги загрижи, а некои ги воодушеви.

Loading...

Имено, се работи за демонстрација на умешноста на уапсениот провалник од Индија, а започнува со симнување на лисиците од страна на полицаец.

Иако решетките изгледаат доволно дебели за да не може возрасен да помине низ нив, крадецот немал проблем „елегантно“ да ја заобиколи пречката. Тој успеа да го направи тоа со извртување дијагонално за да помине низ металниот правоаголник.

Видеото кое го објави полицаецот брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина му честитаа на криминалецот.

„Овој крадец треба да биде награден“, „Не е лесна задача“, „Треба да биде во теретана!“ , се дел од коментарите.