Ковачевски и Бектеши повторно пазареа во маркет

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на еден од маркетите во Скопје.

Loading...

Посетата е со цел да се провери фактичката состојба со снабденоста и цените на основните прехранбени продукти, меѓу кои јајцата од кокошка и оризот, за коишто Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за замрзнување на цените, како и проверка на снабденоста и цената на брашното.

„Драго ми е што денеска се уверив дека нашите одлуки се почитуваат, што, се надевам е случај и во другите маркети. Ваквата мерка ќе остане во важност до крајот на април 2023 година, со тенденција вакви слични мерки да донесеме и за други прехранбени производи, ако за тоа се укаже потреба, според претходно направени анализи какви што во моментов правиме.

Пријатно се изненадив и што видов и дека и малопродажната цена на брашното е намалена во дел од маркетите, без при тоа, државата да донесе официјална одлука за тоа, а таа е направена врз основа на разговорите кои ги имавме со производителите на брашно, како и врз основа на намалувањето на дел од трошоците кои ги имаат во нивниот производствен трошок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ние од ЗНАМ кажавме дека нема коалиција додека не се потпишат и дефинираат црвените линии за Македонија

Ваквиот потег го поздравуваме и ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој пример“, изјави премиерот Ковачевски, за време на посетата на маркетот.

Тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија носи одлуки кои го штитат семејниот буџет.

„Сакам да ја уверам македонската јавност дека нашето присуство овде не е случајно. Владата, и јас како прв човек во Владата, водиме практична, инклузивна политика. Носиме одлуки кои ги засегаат граѓаните и затоа, сакаме лично, на терен, да го слушнеме гласот на граѓанинот, гласот на народот, како реакција на политиките кои ги спроведуваме и одлуките кои ги носиме“, рече премиерот, кој најави можно намалување и на цените на овошјето и зеленчукот.

Премиерот потенцира дека мерките за замрзнување на цената на јајцата од кокошка, како и оризот, а пред тоа, на млечните производи, тестенините и лебот, се носат во насока да се помогне на граѓаните.

Loading...

„За мене е сосема јасно и тоа сум го кажал во сите прилики од септември до денес, дека трошоците за живот се зголемени како резултат на војната која се води во Украина и заради тоа Владата донесе низа на мерки од зголемување на минималната плата, зголемување на пензиите, зголемување на финансиската помош на најранливите категории на граѓани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Донесовме антикризни мерки од 760 милиони евра, кои беа наменети исклучиво за најранливите категории на граѓани и задржување на ликвидноста на компаниите“, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека според параметрите, од октомври досега, инфлацијата се намалува на месечно ниво.

Премиерот појасни дека мерките се во насока на заштита на домашниот пазар и побара разбирање од компаниите.

„Барам разбирање од претставниците на компаниите, од бизнисмените, од трговците. Владата на Република Северна Македонија помагаше во текот на сите кризни години откако почна пандемијата и потоа продолжување на енергетската криза, на економската криза, предизвикана од војната во Украина, при што никој не беше оставен сам да се справува со кризата.

Сите се сеќавате на мерките кои ги имавме за поддршка на платите во индустријата кога поради Корона кризата не работеа индустриски објекти. Владата обезбедуваше плати, Владата обезбедуваше евтини кредити преку Развојната банка за задржување на ликвидноста. Сега е време сите компании, заедно со Владата, да вратат на граѓаните, кои се оние коишто ги градат преку своето купување нашите македонски компании.

Пруживме рака тогаш за да овозможиме стабилност на бизнисите, а сега бараме за возврат пружање рака од нивна страна“, нагласи премиерот.

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави можност за понатамошни намалувања на цените на производите.

„Најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот. Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

Со одлука на Владата, ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре“, нагласи министерот за економија, Бектеши.

Тој додаде дека се прават анализи за увозните цени на трговците и согласно наодите, ќе се носат одлуки за натамошно замрзнување на цените.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски изјави дека сите инспектори се на терен и дека кај дел од правните субјекти се констатирани прекршоци, за што се водат постапки. Тој апелираше до трговците да ги намалат цените и на другите производи, доколку се во можност.

„Инспекторите се на терен и постапуваме со својот полн капацитет. Изминатите 5 дена, извршени се над 500 надзори, од кои 130 по одлуките на Владата за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 750.000 денари.

Нема да се постапува селективно и секој оној кој прекршил закон ќе одговара согласно прекршокот“, рече директорот Трајковски.