„Коргазмот“ е посилен од обичниот оргазам

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте слушнале дека одредени вежби можат да ве доведат до оргазам и тоа без ерекција. Веројатно не, но можно е…

„Men’s Health“ има објавено приказна за маж кој доживувал оргазми секој пат кога правел вежби со подигање на нозете. Набргу потоа во редакцијата на магазинот се јавиле и голем број жени кои доживеале сексуален врв за време на вежбањето.

Новинарите на овој магазин феноменот го анрекле „коргазам“ затоа што забележале дека нејчесто се јавува при изведувањето на јадрените (core) вежби.

Професорката др. Деби Хербеник, експерт за сек, била интригирана со оваа тема, па истражила за што стануа збор. Интересно, нејзиното истражуавње покажало дека дури 10% од луѓето, без оглед на полот, доживуваат оргазми за време на вежбањето.

Мажите, најчесто уживале во коргазмот при изведување згибови, подигање тегови, качување по јаже и трчање. Покрај тоа, тие овој оргазам го опишале како поинтензивен, а многу воопшто и не доживеале ерекција.

Она што можеби е најчудното е дека при тоа не е потребно никакво триење во пределот на гениталиите, ниту размислување за сексот – до оргазмот се доаѓа исклучиво поради форсирањето на абдоменалните мускули.

Научниците се уште не знаат како е можно тоа. Судејќи по некои теории, станува збор за стимулација на внатрешните делови ан телото, како што се нервните патишта, кои се поврзани со постигнување оргазам.