Конференција за обнова на Украина на 25 октомври

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Прага најави дека на 25 октомври во Берлин ќе се одржи меѓународна конференција за обнова на Украина.

Loading...

Тој повтори дека Германија трајно ќе и помага на Украина.

„Ќе продолжиме со нашата поддршка, сигурно и се додека е потребно“, рече Шолц.

Тој посочи дека тоа важи и за обновата на земјата разурната од војна.

Според него, потребни се меѓународни напори и паметна стратегија, поради што ќе се организира конференција на експерти, која ја поканува заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.