Кондуктер од Куманово заработи кривична пријава за несовесно работење во служба

Сподели со своите пријатели

Полициската станица од Неготино поднесе кривична пријава против С.Б. (46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено истиот на 23.12.2015 година, како кондуктер во воз кој се движел на релација Гевгелија – Табановце, на Железничка станица Демир Капија на 10 економски бегалци земал 250 евра, а издал билети само за осум патници во вкупна вредност од 40 евра и притоа се стекнал со противправна имотна корист од 210 евра.

Кумановецот ќе одговара за несовесно работење во служба.