Концерт на млади музички уметници од Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура ”Трајко Прокопиев” во Куманово, во среда со почеток во 19 часот, во малата сала концерт ќе одржат млади музички таленти.

Loading...

Според програмата, на концертот ќе настапат Злата Тошевска – сопран, Дарко Тодоровски – бас баритон, Вариса Хајдарпашиќ – сопран, Дамјан Каранфилов – баритон, Деспина Спировска – сопран, во пијано придружба на Андреј Наумов.

Како гости на вечерта ќе настапат Ивана Стојановска и Марија Петровска, сопрани од Куманово.

Влезот е слободен.

Leave a Reply