Компанија казнета поради продажба на цигари на Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Бритиш Американ Тобако (БАТ) се согласи да плати казна и камата од 635 милиони американски долари за продажба на цигари на Северна Кореја.

Loading...

Денеска беше постигната судска спогодба меѓу БАТ, американското Министерство за правда (ДП) и Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД.

Американските власти објавија дека спогодбата постигната со БАТ се однесува на активностите на компанијата во Северна Кореја меѓу 2007 и 2017 година, јавува Би-Би-Си.

Директорот на BAT Џек Боулс рече дека компанијата „длабоко жали за недоличното однесување“.

БАТ е една од најголемите светски мултинационални компании за тутун, една од 10-те најголеми компании во Велика Британија и сопственик на познати брендови на цигари, вклучувајќи ги Лаки Страјк, Данхил и Пал Мал.

Познато е дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е страствен пушач, а минатата година САД се обидоа да протуркаат резолуција во Советот за безбедност на ОН за забрана на извозот на тутунски производи во Северна Кореја, но Русија и Кина ставија вето и спречија иницијативата на САД.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.