Колку вода дневно мора да пиете за да ослабнете?

Сподели со своите пријатели

Секоја диета и начин на слабеење подразбира и пиење доволно количини на вода, а според општата проценка препорачано е дневно внесување на вода околу 2 литри, односно осум чаши вода.

Но, ако сакате да ги зголемите шансите за слабеење и успех на вашата диета, па од водата да го извлечете максимумот, во предвид морате да ја земете вашата тежина, односно килограмите и според таа бројка да одредите колку точно вода мора да пиете.

  • 60 килограми – 2 литри вода

  • 65 килограми – 2,1 литри вода

  • 70 килограми – 2,3 литри вода

  • 75 килограми – 2,5 литри вода

  • 80 килограми – 2,6 литри вода

  • 85 килограми – 2,8 литри вода

  • 90 килограми – 3 литри вода

  • 95 килограми – 3,2 литри вода

  • 100 килограми – 3,3 литри вода

  • 105 килограми – 3,4 литри вода

  • 110 килограми – 3,6 литри вода

  • 115 килограми и повеќе – 3,7 литри вода

Совети како во текот на денот мора да внесувате доволно количество вода и така да го задоволите важното правило на секоја диета:

Пред секој оброк испијте чаша вода од 2,5 децилитри. Доколку јадете три пати дневно на тој начин ќе внесете 1,5 литри вода.

Наутро откако ќе се пробудите и навечер пред спиење испијте две големи чаши вода и на тој начин ќе внесете до 1 литар.

Доколку поради водата која ја пиете пред спиење се будите во теокт на ноќта, бидејќи мора да одите во тоалет, таа чаша вода исто така испијте ја наутро.

За што подобри ефекти во водата можете да додадете лимон или некои други состојки.