Колку неважечки ливчиња имало во Куманово во вториот круг од изборите?

Сподели со своите пријатели

Гласачкото право во вториот круг од локалните избори во Куманово го оствариле 49,23 отсто од полнолетните граѓани.

Loading...

Во бројки од вкупно 93.986 избирачи во избирачкиот список, на изборите вчера гласале 46.273 лица. Од тоа како неважечки ливчиња се 1.218.

Во соседната општина Старо Нагоричане вчера со право на глас биле 3.262 лица, а на избирачките места се појавиле 1.936, односно излезноста била 59,35 отсто.

Во бројки правото на глас го искористиле вкупно 1.887 граѓани.

Вкупно 49 од ливчињата во вториот круг во Старо Нагоричане се евидентирани како неважечки.

Никола Ивановски