Колку луѓе починале од ковидот? Па, Бајден се изгуби во бројките (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден често прави лапсуси за време на своите говори, а овој пат значително го намали бројот на жртви од пандемијата на коронавирус.

Loading...

Во вторникот зборуваше за менталното здравје каде ги спомна жртвите од коронавирусот, а подоцна во обраќањето рече дека има нешто повеќе од 100 жртви, иако на почетокот рече дека „повеќе од милион луѓе починале“, пишува „Независен“.

„Повеќе од милион луѓе починаа од коронавирусот. Тоа би значело дека зад нив стојат осум милиони луѓе кои се блиски до нив“, рече Бајден.

На самиот крај од својот говор направи голема грешка. Тој спомена бројка која е драстично помала.

„Сè уште ја чувствуваме длабоката загуба предизвикана од пандемијата на, како што спомнав, повеќе од 100 мртви луѓе. Тоа се сто празни столчиња на масата во кујната, секоја од тие загуби го претставува тоа. Тие оставија зад себе многу луѓе и скршени луѓе“, рече Бајден.