Колку килограми ќе загубите ако престанете да пиете алкохол?

Сподели со своите пријатели

Алкохолот секако би требало да го сведете на минимум и поради здравјето, но и поради тежината. Еве колку килограми ќе загубите ако престанете да пиете алкохол.

Loading...

Нема дефинитивен доказ дека постои влијание на алкохолот врз добивање или губење на килограмите. Научниците обично претставуваат проста математика – доколку согорувате повеќе килограми во текот на денот отколку што внесувате тоа е една гаранција дека ќе ослабнете. Сепак, кога алкохолот е во прашање не може да се каже дека оваа престметка е исправна.

Калории во алкохолот

Еден грам алкохол содржи околу 7 калории. Ова е приближно 110 калории во шише светло пиво, околу 80 калории во чаша вино и околу 55 калории во чаша виски или вотка. Во теорија, можете да пиете умернео, без тотално нарушувањ ена бројот на внесените калории.

Меѓутоа, алкохолот ги прекинува процесите на согорување на мастите и согорување на калориите. Кога е присутен, вашето тело ќе согорува алкохол за своја енергија пред да согорува нешто други. Кога пиете, телото престанува со горење на калориите и согорува алкохол. Меѓутоа, тоа е привремено.

Влијанието на алкохолот

Доколку губите тежина поради алкохолот тоа е поради неговото влијание на телото, а не калориите кои ги троши. Ликерите го потикнуваат апетитот и не е невообичаено за луѓе кои пијат да јдат повеќе од нормално. Тие исто така ја ослабнуваат силата на волјата и ја менуваат вашата проценка. Ако престанете да пиете, можеби нема да бидете толку склони кон прејадување, што може да ви помогне за губење на тежина.

Влијание на вежбите

Loading...

Можете да се откажете од пијалаците и да се случи се уште да не губите на тежина. Или можеби дури и да добивате килогрмаи. Имено, ако не согорувате повеќе калории од што внесувате, нема да ослабнете. Еднаш кога вашето тело ја метаболизира содржината на алкохолот и го претвора во калории вашето тело мора да ги потроши. Ако ги потрошите калориите кои сте ги косумирале низ алкохолот и го претворите во калории вашето тело мора да ги поторши. Ако ги трошите калориите кои сте ги консумирале низ алкохол во вкупното дневно внесување така што ги согорувате низ редовни програми за вежби ќе изгубите на тежина.

Предности на алкохолот

Консумирањето на алкохол има некои позитивни ефекти на нашето здравје, но само во умерени количини. Можете да се борите против некои ефекти на срцеви заболувања и висок крвен притисок, а студија која ја извеле лекари во Бригам покажала дека жените кои пијат умернео, имаат најмали шанси да добијат нездрава тежина во текот на годините. Модификацијата е клучот. Ако консумирате само чаша вино дневно, малку е веројатно дека ќе се здебелите и тоа може да ви помогне да ја задржите тежината на долги патеки.

Се на се

Колку тежина ќе изгубите кога ќе се откажете од алкохолот зависи од тоа колку сте испиле, како и од општото ниво на активност и начинот на исхрана. Во текот на период од неколку месеци и години можете да изгубите од половина килограм до 50 килограми. Едноставно откажувањето од едно светло пиво дневно може да ви помогне да изгубите повеќе од 5 килограми во текот на годините, под услов да не ги замените тие калории со друга храна. Прилагодете го дневното внесување на калории и нивото на енергија за да изгубите помеѓу половина и еден килограм неделно.

Leave a Reply