Колку јајца неделно смееме да јадеме?

Сподели со своите пријатели

Јајцата се една од најхранливите намирници во светот. Но, и покрај тоа, добија лоша репутација поради фактот дека жолтката содржи доста холестерол.

Loading...

Со децении веќе луѓето советуваат да се ограничи внесувањето на јајцата или барем на жолтките.

Едно јајце со средна големина содржи 186 милиграми холстерол, што е околу 62 отсто од препорачаната дневна доза на внесување. Од друга страна, белките претежно се состојат од протеини и немаат многу холестерол.

Кога тоа ќе се земе предвид, општите препораки се да не конзумирате повеќе од две до шест јајца неделно.

Јајцата сепак се многу повеќе од холестерол, содржат бријни нутритивни елементи кои се важни за здравјето.

На пример, богати се со лутеин и зеаксантин, антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од болести на очите, како макуларна дегенерација и катаракта.

Содржат и колин, нутритивен елемент кој е многу важен за сите клетки, а богати се и со квалитетни протеини со животинско потекло, кои се добри за зголемување на мускулната маса и здравјето на коските.

Студиите докажале и дека јајцата подолго време не држат сити, па на тој начин помагаат и во ослабнувањето.

Loading...

Leave a Reply