Колку често треба да чистите?

Сподели со своите пријатели

Доколку работите ги чистите редовно, долгорочно гледано имате помалку работа.

Loading...

Секако дека поентата не е нон-стоп да чистите, но некои работи би требало сепак да ги чистите секојдневно.

Повторно, добра страна на тоа е што куќата секогаш ќе биде чиста, а секојдневното чистење нема да ви одзема премногу време.

Секој ден би требало да го местите креветот, да ги миете садовите, да ја бришете трпезариската маса и работните површини во кујната.

Доколку затоа има потреба, облеката исто така треба да ја перете секојдневно, но и да ја бришете површината во бањата, како и чистењето на лавабо и када или туш кабина.

Неделно би требало да ги бришете подовите во домот, огледалата, да бришете прашина од мебелот и да усисувате, да ја менувале постелнината, да ја чистите рерната или микробрановата печка и да ги замените сунѓерите за миење садови.

Месечно би требало да ги чистите вентилаторите и вентилациските отвори, да ги перете завесите и да ја чистите машината за садови или алишта.

На секои три до шест месеци би требало да ја чистите внатрешноста на фрижидерот и замрзнувачот, да ја перете завесата од кадата, да го чистите подот зад мебелот, како и да ги перете перниците и да ја усисате прашината од душеците.

Loading...

Исто така, на три до шест месеци или по потреба да ги бришете прозорците.

Годишно би требало да го чистите оџакот и шпоретот за дрва, како и да ги перете теписоните.

Секојдневното чистење ќе ви заштеди време, а да не споменуваме колку помалку бактерии и нечистоии ќе имате во домот.

Кога се работи за неделното чистење, добра работа е што не морате да чистите се во ист ден, а истото важи и за месечно, тримесечно, полугодишно и годишно чистење.

Leave a Reply