Колку алкохол можете да испиете бесплатно во авионот?

Сподели со своите пријатели

Поголемиот број од големите авиокомпании поседуваат бар со пијалаци кој е отворен за време на целиот лет.

Летовите знаат да бидат досадни, особено ако се работи за прекуокеански, за кој некогаш се чини изгледа вечно.

Реалноста тогаш е таква што сте „приковани“ во недоволно комфорно седиште, па во целата ситуација сакате да се опуштите со некој пијалак. Сепак, мора да внимавате кој е разумниот број пијалаци кои можете да ги порачате пред да излезете пијаница во очите на екипажот и патниците.

Оваа проблематика се обиделе да ја истражат новинари на британскиот Телеграф, кои контактирале многубројни авиокомпании, а ова се некои од одговорите кои ги добиле на следните прашања.

Дали постои лимит на бројот на нарачани пијалаци?

Кратко и јасно – НЕ. Барот е постојано отворен и се додека патникот кој ужива во пијалакот се однесува пристојно, нема причини да не биде послужен, се наведува во соопштението од авиокомпаниите.

Во ред, но колку пијалаци се прифатливи?

Зависи кого прашувате. Голем дел од патниците воопшто не пијат алкохол за време на летот, порачале од Луфтханза.

Од друга страна, новинарот Оливер Смит смета дека три пијалаци се сосема прифатливи, но еднаш кога испил пет-шест па заминал уште по еден, стјуардесата го вратила на место кажувајќи му дека испил премногу. Во секој случај, изгледа дека два до четири пиајалаци на долг лет се сосема нормални.

Обуката на воените пилоти изгледа како вистинско мачење (видео)

Loading...

Дали алкохолот може да се побара за време на појадок?

Од Луфтханза велат дека ова е „невообичаено“. Меѓутоа при патувањето, појадокот може да биде и на самиот крај на летот, така да не би било невообичаено кога некој наместо омлет ќе порача коктел.

Како екипажот ја проценува состојбата на пијанството?

Според вообичаените знаци. Ако се смеете „глупаво“, станувате прегласни и не се однесувате соодветно на дадената ситуација, јасно е дека сте ја минале границата. Покрај тоа, ве гледаат и колку често одите во тоалет или во очи им паѓаат и оние кои секогаш бараат пијалак од друг член на екипажот.

Колку далеку може да лета авионот ако му откажат сите мотори?

Имајте на ум и дека некои компании од арапските земји, алкохолни пијалаци воопшто не служат. Исто така, во европските компании можете да барате алкохол ако имате над 18 години, додека за виски и вотка во американските авиокомпании мора да бидете три години постари.

Leave a Reply