Обуката на воените пилоти изгледа како вистинско мачење (видео)

Сподели со своите пријатели

Од кога сме родени ја доживуваме гравитацијата во стандардна 1 G сила, што е сила на гравитација на површината на Земјата. Веројатно така ќе остане и до крајот на вашиот живот, доколку не сакате да бидете воен пилот.

Loading...

Сеокј кој е заинтересиран за лет во воените авиони мора први да докаже дека е способен да ја издржи оваа екстремно висока квота од 9 G сила, затоа што одвреме навреме пилотите мора да издржат и толкаво забрзување.

Пилотите на обуката мора да ја победат озогласената центрифуга, машина што стимулира G сила со која би дошле во контакт додека летаат и маневрираат.

Во видеото ќе видите пилот кој доживува ефект на т.н. 9G сила. Очиледно е по експресиите на неговото лице, но и неговото дишење низ што тој навистина поминува.

Можете да го слушнете неговиот инструктор кој го на секој можен начин се обидува да го стимулира да го издржи притисокот. Додека во исто време под притисок му излегува и воздухот од белите дробови и се котрактираат неговите мускули низ целото тело, крвта го напушта мозокот.

Тоа го зголемува притисокот на каротидните артерии и помага на пилотите да ја зголемат толеранцијата на G силата, а сепак да не паднат во несвест. Оваа обука за нив е од огромно значење.