Колкава плата земаат Заев, Спасовски, Шекеринска…?

Сподели со своите пријатели

Од државните службеници, премиерот Зоран Заев зема највисока плата во Македонија. Според списокот објавен од страна на Владата, неговата нето плата изнесува 87.813 денари.

Loading...

Од вкупната нето плата, Заев има 8.973 денари за минат труд, со оглед дека е меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.

 

 

Втор на списокот е министерот за внатрешни работи и вицепремиер Оливер Спасовски, чија плата е за 3.000 денари пониска од онаа на премиерот. Неговата плата изнесува 85.113 денари и работен стаж од 18 години.

 

Loading...

 

На третото место се наоѓа платата на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74 273 денари нето плата од кои 9 303 се за минат труд.  Таа има најдолг работен стаж од 28 години.

 

 

По неа, следува министерката за одбрана Радмила Шекеринска која зема 72.989 денари, а министерката за култура Ирена Стефоска има плата од 72.670.

 

Loading...

 

Шекеринска има 24 години работен стаж, а министерката за култура Стефоска 23.

 

 

Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, кои земаат идентична плата од 71.385 денари, а имаат и исти години на стаж – 19.

 

Loading...

 

Првиот вицепремиер Артан Груби, зема плата од 70.102 денари, со 15 години работен стаж.

 

 

Детален список на нето платите може да погледнете во продолжение:

Loading...

 

 

Leave a Reply