Кој за што – кумановските советници расправаат за водната криза во градот

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово за 26 август ја закажа редовната 40 – та седница на која на дневен ред ќе се најдат точки на кои ќе се дискутира информацијата за водоснабдувањето во градот, како и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП ”Водовод”, за период од 1 април заклучно со 30 јуни ова година.

Loading...

Советниците ќе дискутираат и за предлог – решението за давање согласност на одлуката за определување на услови, начин и цена на позиции за изработка на приклучок на улична канализациона мрежа со која стопанисува ЈП „Водовод“ – Куманово, како и за предлог – решение за давање согласност на Одлуката за рамномерна распределба на расположиви количини на вода за пиење.

На дневен ред ќе се најде и кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2015 година, предлог – Одлука  за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2015 година, стратегијата за управување со ризици во Општина Куманово (2015 – 2018), како и предлог – одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општината Куманово.

Советниците во остакотот од седницата ќе расправаат за предлог – одлука за давање на користење на недвижна ствар – Спомен–Куќа на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош на Национална установа „Музеј“ Куманово, како и за финансиското работење на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за период од 1 јануари до 1 април, и од 1 април до 30 јуни, како и за деловното работење на ЈП ”Чистота и зеленило” период aприл – jуни 2015 година.

Останатите точки од дневниот ред се достапни на официјалната веб страна на Општина Куманово.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.