„Кој си игра со оган на крајот ќе изгори“: Опасна изјава на кинескиот министер

Сподели со своите пријатели

Шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг денеска изјави дека двете страни на Тајванскиот теснец ѝ припаѓаат на Кина и дека е вистинската работа Кина да го зачува својот суверенитет.

Loading...

„Неодамна, имаше апсурдна реторика во која се обвинува Кина за менување на статус кво, а со тоа ги поткопува мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец. Таквата логика е апсурдна, а заклучокот е опасен“, изјави кинескиот министер на форумот Лантинг во Шангај, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека оние кои се чесни можат да видат кој се занимава со „хегемонско малтретирање“.

„Ова не го прави Кина, туку сепаратистичките сили во Тајван и неколку земји кои се обидуваат да го нарушат статус квото“, рече тој.

Чин предупреди дека оние што си играат со оган во Тајван на крајот ќе изгорат.

Пекинг неодамна одржа воени вежби околу островот откако тајванскиот претседател Цаи Инг-вен се врати во Тајпеј по состанокот во Лос Анџелес со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.