18.06.2019 12:26

Кој се денеска користи опрема за прислушување?


Шпионската опрема денеска е широко распространета, лесно достапна и се користи во разни цели. Многумина ја користат убедени дека тоа го прават со оправдана причина, меѓутоа, неретко е честа злобната намера зад оваа постапка. Од друга страна, оправдано или не, се повеќе се оние кои стравуваат дека можат да бидат жртва на прислушување.

Најчесто се користат прислушувачи и шпионски софтвери. Бројни предрасуди се присутни кога станува збор за тоа кој се користи шпионска опрема. Она што сега е сигурно е дека на ова се одлучуваат најрализчни типови луѓе од сите можни групации и млади и оние повозрасни, и мажи и жени, и оние на високи и ниски положби, високо образовани или со средно образование.

loading...

Суштината е во тоа што тука клучното прашање е довербата – или ја имате или не. Фактот дека постои сомнеж и дека недостасува доверба многумина ги мотивира на своите сомнежи и измами со користењето разни шпионски помагала.

Меѓутоа, иако сега е се лесно и легално да се купи не може да не се спомене дека користењето на оваа опрема во поголем дел од случаите е забрането со закон. А еве кој најчесто ја користи оваа опрема, пред се прислушувачите.

Родители кои мислат дека ги штитат своите деца

Не постои прецизен податок кој се наоѓа на врвот на листата, кога е користењето прислушувачи во прашање, но секако родителите се наоѓаат тука. Грижата за безбедноста на децата прераснува во потреба да ги заштитиме и да им овозможиме мирно растење и сигурен живот. Тоа го сака секој родител, и секако дека се е многу полесно додека децата поголемиот дел од времето го минуваат со нив.

Меѓутоа, со текот на времето тие се повеќе време минуваат одвоени од родителите. Во моментот кога ќе тргнат самостојно на училиште, самостојно да ги донесуваат првите одлуки, да излегуваат со друштвото, тогаш е важно убаво да ги насочите затоа што во иднина нема да можете да го контролирате секој нивен чекор и да им помогнете доколку бидат во опасност.

Токму тоа се ситуации во кои некои родителите потклекнуваат, поради претерана грижа или недоверба и одлучуваат своите деца да ги контролираат со помош на шпионска опрема. Така да, прислучувачите во овој случај се многу моќна алатка, затоа што им помагаат на родителите да слушнат со кого и за што комуницираат нивните деца, каде излегуваат, каде се движат и што точно прават.

Партнери кои се сомневаат во верност

Проблемот за недоверба се јавува и во врската и во бракот подеднакво. Довербата се гради од почеток, а доколку ја нема, тогаш тоа е аларм дека нешто не функционира, дека нешто не оди како треба, дека нешто треба да се менува. Многумина мислат дека и не можат да променат ништо значајно доколку ги немаат сите информации т.е. доколку не знаат се.

loading...

Токму тогаш се одлучваат да тргнат со користење прислушувачи, шпионски софтвери и слични гаџети. На пример, сопружниците сакаат да откријат дали партнерот ги изневерува, дали работи нешто без нивно знаење, дали има некои работи кои би требало заедно да ги обавуваат, а тие ги обавуваат самостојно и слично.

Значи, проблемите кои можат да се јават во врската или бракот се многу, а еден од начините тие целосно да се разоктријат е користењето прислушувачи кои можат да се постават во телефони, автомобили,с оби, во простории каде мажот или жената работат и слично.

Прислушувачите се минијатурни или се дел од некој предмет и навистина можат многу лесно да останат незабележани. Сами проценете дали ова навистина е вистинскиот начин да решите проблем во брак или врска.

Работодавачи кои сакаат да ги контролираат своите вработени.

Работодавачите се третата група на кои им е позната шпионската опрема, пред се камерите и прислушувачите. Значи, туак ситуацијата е сосема логична, т.е. познати ни се причините. Работодавачите сакаат да знаат што се случува зад затворени врати, односно што се случува во работните прсотории и локали во кои се само нивните вработнеи.

Нормално е да се грижат, да сакаат најдобар резултат, пружање најдобри услуги кон клиентите и избегнување крадење. Непочитувањето на правилата и дисциплината на работа од страна на вработените може да го нарушат не само угледот на фирмата, туку може и да влијаат на профитот и генерлано на работењето на фирмата.

Поради сево ова, се случува работниците да бидат под некој вид набљудување од страна на работодавачот. Меѓутоа, на овој начин не се нарушува само довербата, туку и во голема мерка правата на вработените.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments