Кои заболувања ги предизвикуваат проблемите со пари?

Сподели со своите пријатели

Проблемите со пари може да се одразат на нашето здравје и да предизвикаат проблеми со срцето или мозочен удар.

Според студијата објавена во European Journal of Public Health, учествувале луѓе кои ги опишувале своите проблеми со парите и здравствената состојба на секои две години од 1999 до 2005 година.

Резултатите покажуваат дека најзагрозено е здравјето на луѓето кои малку заработуваат и имаат финансиски проблеми, а најмалку заболувале оние со високи плати.

Споменатите резултати биле највидливи кај жените и луѓето од 25 до 44 години.

Некои поранешни истражувања го поврзувале и високиот крвен притисок со финансиските проблеми – објаснил J. Paul Leigh и додал дека некои луѓе своите вредности ги мерат според тоа колку заработуваат или колку секојдневно се борат со проблеми.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.