Кои се партизаните кои ги напаѓаат руските села и се борат против Путин?

Сподели со своите пријатели

Борбите избувнаа долж границата на Русија со Украина откако самопрогласените руски партизански сили извршија прекуграничен напад и тврдеа дека за првпат за време на војната зазеле погранично село.

Loading...

Легијата на слободата на Русија, која се опишува себеси како милиција против Кремљ која сака да ја ослободи Русија од Владимир Путин, тврди дека ја преминала границата и ја освоила населбата Козинка и ги испратила своите војници во градот Граиворон во рускиот регион Белгород, пишува The Guardian.

 

 

Борбите траеле до вечерта, а сѐ уште не е познато колку лица се повредени.

Снимката од нападот, наводно од граничниот контролен пункт во Грејворон, покажува жртви, вклучително и руски офицер како лежи со лицето надолу во локва крв покрај руските пасоши и другите документи расфрлани на земја.

На видеото се гледаат и оклопните возила кои го освоија граничниот пункт.

Loading...

 

 

Сè поголем е хаосот во регионот на Белгород, каде што локалните власти во понеделникот вечерта прогласија „антитерористички режим“, што е редок случај руските села да се соочат со конфликтот што руската армија го покрена низ Украина.

И руските и украинските официјални лица потврдија дека има борби на границата.

– Ние сме исти Руси како вас. Се издвојуваме само затоа што повеќе не сакавме да ги оправдуваме постапките на криминалците на власт и станавме оружје во одбрана на нашата и вашата слобода. Но, денес е време секој да преземе одговорност за својата иднина. Време е да се стави крај на диктатурата на Кремљ – објави Легијата на слободата на Русија на социјалните мрежи.

 

Loading...

 

Украина отфрли каква било поврзаност со руските партизански борци, велејќи дека тие дејствуваат независно и не се под воена контрола.

Не е јасно дали нападот е дел од долгорочна воена стратегија или е наменет како напад за диверзија, бидејќи сè уште постојат очекувања дека Украина се подготвува да започне летна контраофанзива за да ја врати територијата окупирана од Русија.

Но, судирите се сè почести долж границата во регионите Белгород и Брјанск.

На почетокот на мај беа соборени четири руски воени авиони, два авиони и два хеликоптери во една од најголемите еднодневни загуби во војната.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.