Кои се најчестите причини за развод според адвокатите?

Сподели со своите пријатели

Расправата околу секојдневните проблеми, недостаток на секс и неконтрола на сопствените пари се главни сигнали кои сугерираат дека вашиот брак оди кон пропаст.

Loading...

Кетрин Томас, адвокатка во фирмата JMW Solicitors во Лондон која е најпозната по успешни бракоразводни парници открива кои се најчестите причини поради кои еден пар се одлучува на развод.

Иако неверството изгледа како најголема причина поради која би се развеле, сепак тоа воошто не е пресуден фактор за развод на бракот.

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Ова е најчудниот изговор за развод

Кетрин направила листа од најчестите грешки кои ги сретнувала:

– Не дозволувајте партнерот да ги контролира вашите пари, секој треба да има своја сметка, а заедно да ги делите само трошоците за живот.

– Немојте премногу често да прифаќате компромиси затоа што ќе бидете онаа кај која се може.

– Веднаш нека се знаат улогите во бракот – ниту сте вие домаќинка, ниту тој е личност која работи се по дома.

Loading...

– Одржувајте пламен во креветот.

– Не дозволувајте да станете „партнери во одгледување деца“ затоа што целиот брат ќе се сведе на логистика и исполнување една задача – чекање децата да пораснат, па да можете вие да се разведете.

– Никогаш не претпоставувајте дека вашиот брак никогаш нема да пропадне.

– Прифатете го фактот дека луѓето се менуваат во текот на годините.

Leave a Reply