Кои се идеалните датуми за венчавки овие години?

Сподели со своите пријатели

Доколку сте верени за време на празниците примете ги нашите честитки, а сигурно сте возбудени, можеби помалку и нервозни, но без грижи. Вдишете длабоко, и започнете го процесот на планирање на вашата венчавка.

Првата најважна одлука која морате да ја донесете е изборот за вистинскиот датум за својата венчавка. Според порталот „Loverly“, некои датуми, секако ќе бидат попопуларни за венчавките од останатите оваа година. Но, денес ќе ви пренесеме некои датуми за разгледување или избегнување.

Понеделник (29-ти февруари) – Во престапна година сме,а  тоа значи дека имаме датум и ден повеќе во февруари, како и секоја четвртта година. Луѓето на горенаведениот протал прогнозирале дека многу од паровите сакаат нивната супер оргинална свадба да се одржи во понеделник на престапниот ден. презноверието или заштеда на годишнината, но како и да е интересен датум.

Сабота (9-ти април) – За математичарите, нумеролозира и едноставно оние кои сакаат броеви, 4, 9 и 16 квадратни се броевите, а тоа за некои би бил голем ден да се стане на лудиот камен.

Петок (13-ти мај) – Петок 13-ти во 2016 година ќе се случи само еднаш и тоа во мај. некои луѓе ќе се отргнат од овој датум поради верувањата дека донесува несреќа, но другите би можеле да обрнат внимание поради неочекуваноста и спротивнотста на празноверието порано од споменатото.

Сабота (28-ми мај) – Совшен пролетно-летен ден пред големите жештини.

Сабота (3-ти септември) – Првиот викенд во септември секогаш е добар избор за венчавка, летото се уште е во воздухот, а жештините се далку зад нас.

Четврток (6-ти октомври) или недела (6-ти номеври) – Палиндром е збор, израз или број кој исто гласи прочитан од лево на десно и обратно. 06.10.2016 и 6.11.2016 се два палиндромски датуми кои би можеле да ги воодушеват паровите.

Сабота (31 декември) – Новогодишната ноќ оваа година паѓа во сабота, а тоа значи дека е идеално време за венчавки и влегување во 2017.