Главоболка
Ако пиете многу кафе и наеднаш прекинете, вашето тело ќе реагира на тој начин што ќе почувствува недостаток на стимулација на жлездите да лачат адреналин и допамин, а наместо тоа, ќе го преплават организмот со аденозин, кој пак, ќе ви предизвика чувство на замор и поспаност, а како резултат на сето тоа и главобока.Исцрпеност
Ако наеднаш престанете со внес на кофеин, ќе се чувствувате исцрпено, анксиозно, ќе имате промени во расположението… Добра вест е дека тоа е минливо, но лошото е тоа што мине за околу 10-14 денови, па затоа е подобро постепеното намалување. Како правилно да зготвите турско кафе? Проверете каде грешите!Промени во концентрација
Ако кафето е поврзано со вашата индивидуална концентрација, тогаш сигурно ќе забележите одредени промени кога ќе престанете да го пиете, кои ќе завршат откако ќе се навикнете да живеете без кофеин. Но, откако еднаш сте се ослободиле од кофеинот, ќе почувствувате:Повеќе енергија
Кофеинот го засилува протокот на крв во мускулите, а откако ќе научите дека истото го прават и намирниците богати со растителни влакна, вашето тело ќе умее пооптимално да располага со енергијата. 6 симптоми со кои телото ви кажува дека претерувате со кафетоПоголема смиреност
Намалувањето на кофеинот ќе придонесе вашиот кардиоваскуларен систем постабилно да функционира, без да биде изложен на хемикалиите од афето.Ќе спиете подобро
Кофеинот има продолжено дејство и може да влијае врз вашиот сон дури и ако последната шолја сте ја испиле по ручекот.