Кога Стрелците сакаат: Зошто луѓето во овој знак се (не)совршени партнери?

Сподели со своите пријатели

Позитивни, насмеани, весели, забавни и многу шармантни – сите овие карактеристики им се препишуваат на Стрелците.

Loading...

Овие квалитети играат голема улога во љубовниот живот на припадниците на овој знак затоа што ги прават толку привлечни и неодоливи.

На Стрелците понекогаш им е потребно многу долго време за целосно да се предадат на личноста со која се во врска и малку се плашат од интимност.

Ова е причината зошто тие ненамерно можат да остават впечаток на незаинтересираност или да изгледаат недостижни.

Всушност, на нив им е тешко да влезат во сериозна врска со некој што претходно не го познавале и тие најдобро функционираат во врските родени во пријателство.

 

 

Loading...

На почетокот можеби се малку далечни, но во моментот кога ќе се предадат веќе немаат сопирачки. Стрелците бараат партнери со кои ќе можат да живеат возбудлив, активен и брз живот.

Овој знак не може да остане долго време на истото место, потребни им се животни авантури, патувања што им отвораат нови видици и преку кои постојано учат и работат на себе.

Стрелците се заводници и кога сакаат да ве освојат, ништо нема да ги спречи. Тие се многу интензивни и внимателни, ќе разговараат со вас отворено и без двоумење за иднината и затоа е многу лесно да се заљубите во нив затоа што веднаш ве известуваат дека создале место за вас во нивниот живот.

Се разбира, тоа ниво на отвореност доаѓа само кога тие се целосно сигурни во своите чувства кон вас.

Тие сакаат внимание и ако сметаат дека ги занемарувате, тие се склони кон повремено исклучување. Тие се импулсивни и спонтани во сите аспекти на животот, вклучително и во љубовта.

 

 

Loading...

Како поборници за лична слобода и независност, стрелците не сакаат љубомора и посесивност.

Интересно е што тие не се склони кон никакви игри и не сакаат да изневеруваат, но од друга страна, истражувањата покажуваат дека тие се знакот што изневерува најчесто.

Сепак, тие не го прават тоа од страст и несериозност. Дури кога ќе сфатат дека се запоставени и непочитувани, Стрелците почнуваат да размислуваат дали има некој подобар за нив и со тоа да си го отворат патот кон неверството.

Leave a Reply