Кога човекот ќе умре, свесен е уште некое време, тврдат научниците

Сподели со своите пријатели

Кога на лице со срцева слабост ќе му се даде вештачко дишење и масажа на срцето за да се врати во живот, мозокот тогаш добива 50 проценти од потребниот кислород.

Loading...

Човечкиот мозок сè уште работи откако срцето ќе застане, со други зборови, мозокот знае дека сте мртви.

Ова истражување беше спроведено на Медицинскиот факултет Стони Брук во Њујорк.

Луѓето кои умираат, сепак, остануваат свесни за сè што се случува околу нив веќе некое време, забележуваат научниците. Оние кои преживеале срцев удар и „се вратиле“ по клиничка смрт, честопати сведочат дека знаеле што се случува околу нив, исто така, слушнале кога лекарите го објавиле времето на нивната смрт, односно времето кога срцето престанало да работи.

Водачот на истражувањето, доктор Сем Парнија од споменатиот универзитет, објасни како за време на истражувањето се покажало дека луѓето кои „се враќаат во живот“, по тоа искуство, имаат зголемена желба да им помагаат на другите.

„Тие ги опишаа своите искуства од гледањето на лекарите и медицинскиот персонал како работат и се обидуваат да ги спасат, тие беа свесни за сè“, изјави Парнија за LiveScience.

– Лекарите го прогласуваат времето на смртта кога срцето престанува да работи, но мозокот е сè уште „жив“.

Кога на лице со срцева слабост ќе му се даде вештачко дишење и масажа на срцето за да се врати во живот, мозокот тогаш добива 50 проценти од потребниот кислород, објаснува тој, што одржува некои од неговите функции.

Loading...

Мозочните клетки можат да бидат активни со часови откако срцето ќе престане да работи, пишува Daily Mail.

Колку подолго му давате на умирачката вештачко дишење и масажа на срцето, толку подолго ќе се одржи делумната активност на мозокот, но на побавно ниво.

Leave a Reply