Кофеинот им помага на бубрезите

Сподели со своите пријатели

Истражување спроведено на 2.300 пациенти со хронични бубрежни заболувања покажа дека кофеинот го намалува ризикот од смрт.

Loading...

Се покажа дека пациентите кои конзумирале најмногу кофеин имале 24 отсто помалку шанси за смрт од која било причина, објавија португалските научници од Centro Hospitalar Lisboa Norte.

Кај учесниците на истражувањето кои внесувале малку или ни малку кофеин не е воочено намалување на ризикот од смрт. Намалување на ризикот за смрт кое пропорционално го следело зголеменото конзумирање кофеин не било поврзано со фактори како возраст, пол, етничко потекло, приходи, степен на образование, пушење, холестерол, телесна маса или прехрана.

Leave a Reply