Книгата „Дрво кое шепоти“ ќе биде промовирана во Куманово

Сподели со своите пријатели

Хаику збирката „Дрво кое шепоти“ од писателот Борис Митковски на 14ти месецов со почеток во 19:30 часот ќе биде промовирана во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Промотори на книгата се д-р Џеси Франсуа, теолог – Сорбона и Душко Крстевски, поет и литературен критичар.

Во книгата се поместени 150 хаику песни пишувани во последните неколку години.