Климатските промени особено опасни за народот на Пакистан

Сподели со своите пријатели

Жителите на Пакистан се особено ранливи на топлотен удар предизвикан од климатските промени, предупреди Амнести интернешенел (АИ) на Светскиот ден на животната средина, повикувајќи ги побогатите земји да дојдат на помош.

Loading...

Многу Пакистанци се премногу сиромашни за да си дозволат заштита од високи температури, открива АИ во извештајот.

Лекарите забележуваат се повеќе случаи на топлотен удар, вртоглавица и отежнато дишење, а се повеќе пациенти мора да се лекуваат на Итната помош, посочуваат од здружението.

„Многу Пакистанци со ниски приходи работат на отворено на екстремни жештини“

Истовремено, експертите стравуваат дека поради климатските промени ќе зачестат екстремните временски настани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 500 луѓе останаа без покрив над главата во пожар во зграда кај Варшава

Минатата пролет беше особено жешка во Пакистан, со рекордни температури кои во мај достигнаа 51 степен во градот Јакобабад.

Летото донесе рекордни врнежи и поплави во третина од земјата.

Многу граѓани со ниски приходи работат на отворено, дури и при екстремни горештини, што значи дека се особено ранливи на климатските промени, објаснува Амнести интернешнал.

Повеќе од 40 милиони жители немаат истовремено пристап до струја, што значи дека не можат да користат клима уреди или вентилатори.

Loading...

Богатите земји треба да ја намалат емисијата на штетни гасови и да му помогнат на Пакистан.

Маргинализираните општествени групи се изложени на опасни по живот последици од климатските промени, а температурите ќе продолжат да растат, предупреди заменик-регионалниот директор на Амнести во Јужна Азија, Динушика Дисанајаке.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија погодена од повеќе од 1.000 земјотреси во последните две недели

АИ ја повика пакистанската влада да излезе со план градовите да ги заштитат жителите од високите температури.

Богатите земји, од друга страна, треба да ја намалат емисијата на штетни гасови и да му помогнат на Пакистан да се прилагоди на климатските промени, соопшти Амнести интернешнал, истакнувајќи дека уделот на Пакистан во светската емисија е занемарлив.