КК Куманово утревечер го пречекува Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утревечер го пречекуваат составот на Карпош Соколи, натпревар со кој ќе се отвори 14. коло од домашниот шампионат.

Иако првично закажан за сабота, натпреварот е презакажан за утревечер со почеток во 19 часот пред кумановска публика, со оглед дека Карпош Соколи немаат сала и сите натпревари ги играат на гостински терен.

Ова е втор меч против помеѓу овие две екипи кој се игра во Спортската сала Куманово оваа сезона. Во првата средба од октомври минатата година, КК Куманово забележа пораз во последната четвртина со резултат 83:94.

Но, утре избраниците на Александар Петровиќ влегуваат како главен фаворит на натпреварот со оглед дека во меѓувреме финансиската состјба на Карпош Соколи се влоши, па и квалитетот на ростерот значително е ослабнат.

На терен поголема минутажа се очекува да добие подмладокот на Куманово.

Од досега одиграните 13 натпревари кумановци бележат 8 победи и 5 порази со што моментално се на 5. позиција од табелата со 21 бод, исто колку и КК Гостивар кои се на четвртата позиција. Кај Карпош Соколи има 8 порази и 5 победи, претежно остварени во почетокот од сезоната кога клубот беше во подобра состојба.

Со тоа значи дека за КК Куманово местото во завршниот дел од сезоната е веќе загарантиран, со оглед дека и во 15. коло избраниците на Александар Петровиќ влегуваат како фаворити во мечот против Струмица. Првите шест од табелата влегуваат во Супер лигата.