КК Куманово утре против МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 17:00 часот на гостински терен го играат натпреварот од 4.коло во домашниот шампионат, а за противник го имаат составот на МЗТ Скопје Аеродром.

Loading...

Кумановци се пред уште еден неизвесен натпревар со некогашниот најголем ривал во шампионатот.

Избраниците на тренерот Александар Петровиќ претрпеа пораз во минатиот меч кога на домашен терен го пречекаа составот на Работнички, со што од досега одиграните три натпревари бележат две победи и еден пораз.

Моментално составот на КК Куманово се наоѓа во првиот дел од табелата, на 5то место, но ист број бодови дели со Кожув, Гостивар, МЗТ и Еуро Никел. На врвот и натмау е Работнички кој има 3/3.

Leave a Reply