КК Куманово утре го пречекува МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре со почеток во 18:00 часот го пречекуваат составот на МЗТ Скопје Аеродром во рамките на домашниот шампионат.

Loading...

Кумановци по поразот од Работнички се исправени пред уште еден предизвик, овој пат со некогашниот најголем ривал во натпреварувањето.

Избраниците на Александар Петровиќ од досега одиграните натпревари имаат запишано 19 бода во табелата што ги става на средината во табелата, додека МЗТ е лидер со 21 бод. Со евентуална победа на КК Куманово утре, се отвора простор за искачување на место погоре на табелата.

Во мешувреме Куманово се засили со двајца српски интернационалци, кои дебитираа на претходниот меч, но од друга страна МЗТ има цела плејада странски играчи кои се доста поискусни.

Никола Ивановски

Leave a Reply