КК Куманово утре ги пречекува кошаркарите на Работнички

Сподели со своите пријатели

Утре со почеток од 19 часот кошаркарите на Куманово на домашен терен ќе ги пречекаат играчите на Работнички во рамките на 22-то коло од домашната кошаркарска лига.

Натпревар од важност за КК Куманово, не само затоа што се игра на домашен терен, туку и затоа што само еден поен не дели од втората позиција на табелата каде моментално се наоѓа Карпош Соколи со 36 поени.

Инаку на овој натпревар тимот на Куманово ќе биде збогатен со старо-новиот играч Мишановиќ кој повторно потпиша договор со клубот кој ќе трае до крајот на сезоната.

Следува навистина интересен период за љубителите на кошарката, особено што на 6-ти Куманово ги пречекува Карпош Соколи, а на 16-ти играчите на Кожув, а најинтересното ќе следува на 20-ти април кога на домашен терен ќе се игра против МЗТ Скопје Аеродром.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.