Кошаркарскиот клуб Куманово амбициозно влегува во претстојната сезона, ќе игра на три фронтови, а оформувањето на ростерот е скоро при крај.
Клубот ќе задржи дел од составот од изминатата сезона, заедно со стручниот штаб и тренерот Игор Ѓорѓиевски, но ќе внесе и неколку нови и силни имиња од регионот и Америка.
Српскиот интернационалец Ѓорѓе Каплановиќ е едно од новите звучни имиња на клубот. Дваесет и шестгодишниот кошаркар ќе го засили Куманово на позицијата крилен центар.
View this post on Instagram
Вели дека е чест да се игра за клуб со богата историја, но и ветува дека ќе дадат се од себе да се подготват најдобро што можат.
„Многу сум среќен што доаѓам во клуб како што е КК Куманово, клуб со богата историја, ќе ми биде голема чест да го носам дресот на КК Куманово. Она што можам да ветам е дека ќе работиме напорно и ќе пробаме да дадеме се од себе за да се спремиме најдобро, а што се однесува до самата екипа мислам дека екипата е многу добра и се надевам на што подобар успех и мислам дека имаме квалитет за сам врв, не само во домашно првенство туку и во европски рамки, изјави Каплановиќ.
Од домашната сцена, тимот ќе го засили младиот и амбициозен Андреј Настовски кој игра на бековската позиција. Вели дека Куманово може да атакува и на двојна круна во домашното првенство.
– Среќен сум што сум член на клуб кој ги нуди сите услови за развој на еден млад кошаркар. Со нетрпение ги очекувам подготовките и посебно почетокот на новата сезона. Уверен сум дека КК Куманово може да атакува дури и на двојна круна во македонското првенство, а јас сум подготвен да дадам голем допринос во остварување на тие амбиции, вели Настовски.
View this post on Instagram
Старо-нов играч на клубот е српскиот интернационалец Стеван Глигоријевиќ, кој вели дека ова ќе биде екипа со голем потенцијал.
– Во однос на минатата година имаме нов состав. Млада екипа сме, која има голем потенцијал, не се сомневам дека тренерот Ѓорѓиевски се тоа добро ќе го спои. Минатата сезона остваривме добар резултат, оваа сезона очекувамме и одиме на уште поуспешна, изјави тој.
View this post on Instagram
Од минатата сезона во клубот остануваат Ненад Зивчевиќ кој ќе има отворен договор. Нови засилувања освен Каплановиќ и Настовски, се српскиот интернационалец Ѓукан Ѓукановиќ, како и американците Кејлеб Џозеф и едно од најзвучните имиња во лигата за оваа сезона поранешниот НБА играч Џонатан Холмс.
View this post on Instagram
Клубот освен на домашна сцена ќе игра и во регионалната БИБЛ лига, како и во ФИБА Европа. Се очекува ростерот да ги почне подготовките во текот на втората половина од август.
Никола Ивановски