КК Куманово оди во финале

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово вечерва успеа да го совлада тимот на КК Карпош Соколи, така обезбедувајќи пласман во второто по ред финале, со резултат  73-84 за кумановскиот тим.

Мечот во Скопје протече со голема доза на адреналин за кумановци, при што Костоски забележа 21 поен и 7 асистенции и беше најефикасен на мечот со Карпош Соколи, а тука се и Трајковски со 16, Симоновски со 14 и Мишановиќ со 11 поени.

За два дена според предвидениот распоред, започнува финалната пресметка во салата„Јане Сандански“ во Скопје каде кумановци повторно ќе се сретнат со МЗТ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.