КК Куманово го совлада Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово викендов на домашен терен со резултат 79:67 го совладаа составот на Кожув во рамките на домашниот шампионат.

Loading...

Куманово својата желба за победа ја покажа уште од самиот старт, па и по првите 10 минути игра водеше со четири поени разлика над гостинскиот состав или резултат 24:20.

По израмнетата втора четвртина, на полувреме се замина со 41:37.

И третиот дел од играта беше со ист број поени за двете екипи, а Куманово успешно доминираше во последните десет минути на паркетот и впиша победа.

Брилијантен во составот на Куманово со 21 поен беше Теодор Атанасов, со 19 зад него е Филип Стојановски, а со 15 поени мечот заврши за капитенот Марјан Јанески.

Со 23 поени најдобар кај Кожув беше Еван Пајн.

Никола Ивановски

Leave a Reply