КК Куманово го победи шампионот МЗТ Скопје (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во крајно неизвесна спортска атмосфера вчеравечер кошаркарите на КК Куманово на домашен терен го совладаа шампионот МЗТ Скопје, во рамките на второто коло од домашното првенство.

Loading...

[huge_it_gallery id=”207″]

При негатива од два поени некаде пред самиот финиш, Димитар Караџовски по низа од седум поени допринесе МЗТ да падне и покрај тоа што дури и Коце Трајановски дојде да ги бодри играчите Алеш Пипан.

Оваа победа за КК Куманово е од огромно значење, откако кошаркарите на Луковиќ потфрлија во мечот со „Фени индустри“ од Кавадарци во првото коло.

Првото полувреме заврши со водство на домаќините од 36-31, за на стартот од третата четвртина во ритам да влезе репрезентативецот Александар Костоски, кој донесе прва двоцифрена предност на кумановци со 42 спрема 32.

Последните минути се одиграа во навистина напната атмосфера, но благодарени на подршката на верните Кумани кои без престан ја пружаа мотивацијата на совјот омилен тим, сепак Куманово славеше победа над шампионот на македонската кошарка. Навивачката екипа на Куманово, не ја пропушти шансата на ркеативен начин да му одаде чест на трагично загинатиот Мартин Младеновски, кој беше член на навивачката група.

Loading...

Со 24 поени и 15 скокови заврши мечот за Урош Луковиќ, а тука се и Мандиќ со 13 и Караџовски со 11 поени, додека во спротивниот тим најефикасни беа Дреновац со 15, а Буниќ со 14 поени.

Повеќе видео материјал од атмосферата на натпреварот можете да погледнете на нашиот канал, со кликнување тука.