КК Куманово денес игра за финале во домашниот куп

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска со почеток од 18:30 часот ќе го играат полуфиналниот меч во рамките на Кашаркарскиот куп на Македонија и тоа против ривалот од првата лига, Карпош Соколи.

Победникот од овој меч ќе се пласира во финалето и ќе се бори за титулата најдобар клуб во државата. Сите љубители на кошарката овој натпревар ќе можат во живо да го проследат на собранискиот канал на јавнит сервис со почеток во 18:30.

КК Куманово се пласираше во полуфинале откако вчера со пет поени разлика го совлада Работнички.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.